Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се мачеше, но победи во Автокоманда
Вардар се мачеше, но победи во Автокоманда

Вардар се мачеше, но победи во Автокоманда

Вардарци успеаа да забележат триумф на денешниот натпревар.Иако минимално сепак трите бода се однесени од Автокоманда. Иако имаше многу пресврти во играта и резултатот, сепак на крај заслужено забележавме триумф.

Поведовме со голот на Горбок, но само кратко траеше водството. Металург почнува да ја презема играта и да го врти резултатот во своја корист. Најдобриот играч на сините , Олјевски донесува предност прво од 4:2 а потоа и од 6:3 за својот тим. Стојановиќ за прв пат на мечот го доведува својот клуб во позитива од четири гола. Оваа разлика, домаќинот ја одржуваше се до 16 минута. Потоа следуваше целосен пресврт во играта и резултатот. Металург не успева цели 10 минути да постигне гол, на другата страна Вардар прави серија од 0:5 за да ја вратат предноста која беше втора во првите 30 минути. Кога мислевме дека Вардар ќе продолжи да го полни противничкиот гол, ни следува демант. Повторно Олјевски стапува на сцена, со три погодоци од седум метри, и повторно Металург поведува. По првото полувреме заминуваат со предност од 13:12.

Вториот дел почнува со два наши голови, за водство од 13:14. Во наредниот период се игра гол за гол на двете страни, каде црвено-црните ја одржуваат минималната предност. Повторно имаме промена на резултатот. По една наша грешка во нападот, Олјевски пресекува во контра и постигнува гол за 22:20. По неколку грешки и избрзани напади на домаќинот, капитенот Филип Лазаров го врти резултатот на 22:23 во 50 минута. После подолг период имаме позитива од два гола, со голот на Марковиќ од пенал. Пешевски повторно ја враќа неизвесноста на овој дуел и го израмнува резултатот. Душебаев со прекрасен удар на три минути пред крајот, погодува за 25:27. На крајот сепак успеавме да забележиме победа со резултат 26:28. Со овој резултат, Вардар го отпиша Металург во борбата за третото место.