Пионерите на Фк Вардар забележаа нова победа во првенството и си ги зголемија шансите за освојување на титулата во својата категорија. Црвено-црните победија со резултат 0:6. Повторно блескаше најдобриот стрелец на оваа генерација, Марко Ѓоргиевски кој постигна 4 голови. Мартин Филипоски и Александар Георгиевски дадоа по еден погодок.
Избраниците на Сашо Тодоровски целосно ја оправдаа фаворитската улога на овој дуел. Уште од почетокот ја преземаа иницијативата и ја полнеа мрежата на противникот. Уште на полувреме имавме висока предност, кога на одмор се замина со резултат 0:4. Можевме на крај да победиме и со поголем резултат, со оглед на многуте прпуштени прили за погодок. Сепак и овој резултат носи три бода, а тие им се неопходни на Вардарци во борбата за титулата.
Во вториот дел уште два пати ја затресовме мрежата на противникот, за конечни 0:6. Турново иако имаше некоја прилика за да постигне почесен гол, сепак не успеаа, па мрежата на Малик Зибери остана недопрена и на овој дуел. Во следното коло, на домашен терен ја пречекуваме екипата на Дрита.