Вардаровиот борач Магомедгаџи Нуров донесе голема радост за Република Македонија, откако се закити со златниот медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
Нашиот репрезентативец, кој се натпреварува во категоријата до 97 килограми, на фантастичен начин триумфираше во мечот за титула и со убедливи 11-0 зa 50 секунди го совлада Симоне Јанатони (ИТА), но финале пред финале беше мечот во 1/2 финалната борба каде што Нуров направи пресврт и подвиг победувајќи го Деде (ТУР). Упорноста и квалитетните подготовки покрај двете европски 5-ти места донесоа ВАРДАРОВО злато на Медитеранските игри. На Нуров, клубски тренер му е проф. Љубиша Пешко, личен тренер М. Ибрагимов, а тој тренира во Дагистан, Руска федерација со вардаровиот тренер Гајдар Гајдаров. Од Вардар велат ваков квалитетен борач поради немањето натпреварувчка и слаба конкуренција во земјава ќе биде остапен есенва на тим од Бундес лигата.
Голема благодарност од целиот спортски колектив на Вардар и од тренерот проф.Љ.Пешко за укажаната помош во подготвителниот период и на самиот натпревар упатуваат до Гајдар Гајдаров и Могамед Ибрагимов. Честитки упатуваат и до Нуров за освоеното ЗЛАТО за Македонија и велат дека со посериозен пристап кон идните меѓународни натпревари може од него да очекуваме и одличје од Олимпијадата во Токио 2020.
За големата техничка поддршка и придонес за освојувањето на титулата и златниот медал на Медитеранските Игри, шефот на Македонската делегација, директорот на МОК, г-дин Владимир Богоевски изрази БЛАГОДАРНОСТ до нашиот стратег Гајдар Гајдаров , моментално тренер на Италијанската репрезентација.