Вардар Јуниор како најмлад состав во сезоната која помина успеа да се избори за ново учество во најсилната супер лига, во која ќе биде и од наредната сезона. Оваа екипа која ја предводеше Стојан Петрушевски ја сочинуваа играчи од 16-21 година, кои сепак успеаа да се носат со повозрасните екипи и на крајот преку плеј-аут да се изборат за опстанок во супер лигата. Во плеј-аутот завршивме како подобро пласирани од екипите на Прилеп и Металург 2, што беше доволно да се избегне бараж за супер лигата. Еден од најдобрите стрелци на екипата заедно со Трпчевски, беше и Дејан Кукуловски кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од изминатата сезона и опстанокот во супер-лигата.
-Првите очекувања беа да избориме што е можно подобар пласман во супер лигата. Очекувавме да играме плеј-оф, но со оглед на тоа дека сме една од најмладите екипи и дека немаме многу искуство за вакви натпревари, мислам дека конечниот пласман беше реален што опстанавме во супер лига, ама секако можевме и малку подобро. Засега сум тука во Вардар, моите планови се минимум ако можам да стигнам да играм за првата екипа на клубот, или пак во некој друг голем клуб. Ќе го дадам максимумот од мене, па оставам простор да видиме што ќе се случи.
И во новата сезона предизвик за младите вардарци ќе биде надигрувањето со противниците, секако и поголемо искуство за уште подобар пласман во супер лигата.
-За новата натпреварувачка сезона иако сме повторно една од најмладите екипи во супер лигата очекуваме исто како и претходната да се избориме да играме плеј оф. Лично јас имав напредок настапувајки во супер лигата, а истото го очекувам и за понатаму да напредувам што е можно повеќе.
Звонко Ивановски