Дојде време за збогум и со Илија Абутовиќ, кој седум сезони го носеше црвено-црниот дрес и беше “столбот’ во одбраната на Вардар. Абутовиќ освои голем број на трофеи со Вардар, и тоа пет во првенството, шест во купот на Македонија, еден супер куп, четири во СЕХА-лигата и оној највредниот од Лигата на Шампионите. Како што е познато, тој во новата сезона ќе настапува во бундес-лигата, за екипата на Рајн-Некар Левен.
Медија тимот на СЕХА направи посебно видео, како “збогум“ за Абутовиќ од Вардар.