Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар загуби од Балзан со резултат (4:2)
Вардар загуби од Балзан со резултат (4:2)

Вардар загуби од Балзан со резултат (4:2)

Вардар го доживеа вториот пораз во Словенија. Денеска во еден лош натпревар, Вардарци загубија со резултат 4:2 (3:0) од тимот на Балзан од Малта. Следниот пријателски дуел е против Херманштад од Романија в петок.

Вардар одигра разочарувачко прво полувреме и прими дури три погодоци од Балзан. Нашиот тим првиот гол го прими во 38. минута, кога еден играч на противникот од над 30. метри го совлада Кировски. Во 40. минута постигнаа уште еден гол противниците за 2:0, а во последниот напад пред крајот на првиот дел, преку една контра дојдоа и до високи 3:0.

fkv

Во вториот дел, во 59. минута Балзан имаше голема шанса да дојде и до четврти погодок, но за среќа еден нивни играч не погоди откако убаво продре по страна. Во 60. минута во игра влегоа Мицевски, Брдаровски, Барсегјан и Цветаноски во обид да ја поправат играта на својот тим. Веќе во 63. минута нашиот тим преку Барсегјан, кој одлично искомбинира со Максимов постигна погодок, за намалување на 3:1. Кратко траеше надешта на Вардар, веќе во 66. минута Балзан постигна нов погодок, за 4:1. Одново падна гол, овој пат во 73. минута преку пенал Максимов намали на 4:2. До крајот на дуелот, немаше промени на резултатот.