На силниот интернационален турнир “РХО Интернационал митинг-2017“ кој се играше во Италија настапуваше нашиот кадетски состав. Нашите момци одиграа храбро на овој турнир и настапија во големото финале, каде повеќе од заслужено се закитија со “сребро“ на овој турнир. Во овој натпревар противник ни беше фавориот, Емпорио Армани, екипа која беше бранителот на златото од лани.
Момците во финалето беа рамноправни, влегоа во костец со фаворитот, натпреварот беше неизвесен во целиот тек се до крајот. Пехарот ни избега за само два поена, нашиот ривал триумфираше со 56-54 на крајот. До овој финален меч стигнавме со победата полуфиналето над фаворитот Блуоаробица Бергамо. За “МВП“ -најкорисен играч на турнирот, поединечното признание му припадна на играч од КК Вардар кој е предводен од Јованчев Александар.
Станува збор за одличниот играч на црвено-црните Лука Савичевиќ. За напомена и лани (2016) истото признание на истиот турнир му припадна на наш кошаркар, Лука Наумовски. Дека оваа е големо постигнување говори и фактот дека во минатото МВП на истиот турнир биле ѕвезди како Л.Датоме, Новица Величковиќ и други..