Во главниот град на Азербеџан-Баку месецов од 12ти до 28ми ќе се одржат првите Европски Спортски игри . На ова масовно предолимписко натпреварување ќе се натпреваруваат учесниците во 20 различни спорта . Македонија ќе учествува со 44 спортисти во 9 различни спортови помеѓу нив се и двата вардарови борачи .
Боите на Македонија прв ќе ги брани борачот од Вардар Тимур Хамикоев кој веќе е пристигнат во Баку заедно со шефот на стручниот штаб на БК Вардар Професорот Љубиша Пешко . Тимур на 13 јуни ќе има мерење , а неговиот настап е закажан за на 14 јуни . Следниот ден на 15ти ќе се придружи на нашата делегација и вториот борач носителот на бронза од последното Европско првенство во Полска младиот Халил Зубиров . Кој ќе пристигне во Баку заедно со уште еден тренер од црвено-црните Гајдар Гајдаров .