Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Црвено-црните ги запалија моторите, денес се одржа првиот тренинг
Црвено-црните ги запалија моторите, денес се одржа првиот тренинг

Црвено-црните ги запалија моторите, денес се одржа првиот тренинг

Денес во 11-00 часот на теренот до С.Ц Јане Сандански фудбалерите го одработија првиот тренинг од летните подготовки . Истиот го водеше шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев заедно со помошниците Александар Васовски , Олег Сергеев тренерот на голманите Саша Илиќ и кондициониот тренер на вардарци Михајло Костиќ.

На истиот недостасуваа играчите кој имаат репрезенативни обврски кон својте репрезенации Пачовски и Спировски се со А-репрезентацијата , Асани е со репрезентајата У-21 , а Миранјан е дел од Ерменскиот најквалитетен состав . Недостигаа и Петров ,Темелков и Стојчевски тие го пропуштија првиот тренинг поради медицинските прегледи исто така и играчите кој имаат завршени договори Деспотовски, Бојовиќ,  Наумоски и голманот  Ристовски.

Старо – новиот играч на црвено-црните Аце Стојков беше дел од денешниот тренинг новото засилување Бобан Николов ќе се приклучи од како ќе потпише со Вардар веднаш по враќањето во Македонија од репрезенативните настапи со селекцијата на земјава до 21 година .