Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници,легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката.
МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Црвено-црниот кошаркарски колектив собра две награди, се разбира во младинска категорија каде тимот е лидер во неколку возрасни категории. Признанието за најдобар тренер во младинска машка конкуренција го доби младиот предводник сезонава и на првиот тим на Вардар, Ѓорги Кочов. Исто така второто признание за нас беше тоа за “Најдобра машка екипа во младинска конкуренција“, со што покажавме дека владееме со младинската, машка кошарка во земјава.
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар прогласен за најдобра машка екипа во младинска конкуренција, тренерот Кочов исто така со награда во изборот за најдобрите за 2016