Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Повторно преноси преку видео стрим од “контролките“ во Анталија ќе имаа и ова зимо

Повторно преноси преку видео стрим од “контролките“ во Анталија ќе имаа и ова зимо

Фудбалерите на црвено-црниот фудбалски колектив како што веќе е познато задутре, во сабота патуваат за Анталија -Турција каде ќе ја реализираат втората фаза од зимските подготовки. Избраниците на Седлоски ќе останат во турскиот центар се до единаесети идниот месец, после што ќе се вратат во нашиот главен град Скопје и ќе ги одработат последните тренинзи пред почетокот на шампионатот.

Како и изминаттите години така и оваа навивачите и симпатизерите на ФК Вардар ќе може низ дирекни преноси, преку видео стрим да ги гледаат контролките од Анталија. Одлучено е да се обезбедат пет видео стримови од мечевите за кои се познати противниците, а доколку се закаже дополнително некој дуел и од истиот ќе има директен пренос на официјалниот клубски јутуб канал. Познати се противниците за петте дуели, станува збор за тимови од источна Европа. Распоредот на мечеви и преноси е следен:

24.01. – Вардар – Стеауа Букурешт (Романија)

28.01. – Вардар – Амкар Перм (Русија)

02.02. – Вардар – Дукла Прага (Чешка)

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала (Русија)

09.02. – Вардар – Терек Грозни (Русија)