Викендов на националната Арена “Филип втори“ се одржа националното првенство во атлетика за сениори. АК Вардар имаше двајца свои атлетичари на истото . И двајцата црвено – црни атлетичари имаа добар настап и забележителни резултати .
Прв од нашите момци настапи Марко Ивановски кој се врати по долгита пауза, заради повредите кој константно го мачеа . Тој настапи на трката на 800 метри. И веднаш напрви одличен резултат, ако се земе дека ова е негово враќање на патеките по пауза од речеси 7 месеци. Марко на оваа трка успеа да го освои второто место и се закити со сребрениот медал . Додека вториот наш атлетичар Петре Завировски по подолг период истрча солидно, пласирајки се на шестата позиција на трката на 5000 метри на ова национално првенство одржано во Скопје.