Во почетоците на 1958 година Трајко Трпчевски, Лазо Муслимански, Павле Головски, Горги Головски, Бошко Атанасов и Томе Трпчевски тајните на хокеарската игра ги научиле во Чехословачка. Предложиле да се формира Хокерарски Клуб Вардар. Набрзо се свикало основачко собрание и бил основан хокеарскиот клуб Вардар.
Во 1969 година организаторот на Светското првенство решил натпреварите од групата Ц да се играат во Скопје, па така, во нашиот град се изградило вештачко лизгалиште кое било прво во овој дел на јужна Европа.
Во прво време нашиот клуб се вклучил на натпреварите на тогашната лига на Хокеарскиот сојуз на СР Србија, која подоцна прераснала во II сојузна лига. Во оваа година нашиот тим со успех се натпреварувал. Во 1985 година успеал да го освои I место и да стане член на I сојузна лига, меѓутоа, крутите административни прописи за жал му ја одземале можностa на Х.К Вардар.
Голем успех постигнала младинската екипа на Вардар, која успеала да го освои II место, а младинците Чупески, и Страдал со своите игри му се наметнале на сојузниот капитен, па биле земени во составот на младинската репрезентација на Југославија.
Ова е историјат на основањето од кое мина шест деценија, како што најавуваат од ХК Вардар на почетокот на идната година одкако ќе започне сезоната во овој спорт ќе е започне со одбележување на 60 години од почетоците. На почетокот на декември ќе почне и сезоната, лизгалиштете при Спортскиот центат “Борис Трајковски“ ќе биде место на мегданот.