ЕХФ ги одреди термините и саатниците на одигрување натпревари за последните четири натпревари во групната фаза од Лигата на Шампионите. Во новата 2019 година, црвено-црните ги очекуваат уште четири натпревари, со што ќе се комплетира најсилната група А. Избраниците на Парондо два натпревари ќе одиграат на гостински терен ( против Кристијанштад и Рајн-Некар), додека два се пред домашната публика ( против Монпелје и Веспрем. Последниот меч за оваа календарска година е на 1.декември, кога во С.Ц. Јане Сандански ќе ја дочекаме екипата на Киелце.
11 коло – 6 февруари 2019
Рајн Некар - Вардар (19 часот)
12 коло – 16 февруари 2019
Вардар – Веспрем (17:30 ч.)
13 коло – 23 февруари 2019
Кристијанштад – Вардар (19:00 ч.)
14 коло – 2 март 2019
Вардар – Монпелје (17:30 ч.)