Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Викендов тројца вардарци на маратонот во Подгорица, еден во Љубљана
Атлетика! Викендов тројца вардарци на маратонот во Подгорица, еден во Љубљана

Атлетика! Викендов тројца вардарци на маратонот во Подгорица, еден во Љубљана

Во недела на 29-ти октомври на улиците  во Подгорица (Црна Гора) и Љубљана (Словенија) ќе се одржат атлетски манифестации. На двата маратона ќе има учесници од Атлетскиот клуб Вардар, тројца во Црна Гора и еден во Словенија.

Оваа година по 24 пат ке се одржи Подгоричкиот маратон. Речиси цела деценија наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен превоз и сместување за 50-тина маратонци од Македонија. На истиот на полумаратонската делница од 21 километар четврта година по ред свој настап ке има вардарецот Петре Завировски.

petre-0

На пеколната 42 километарска, маратонска трка ќе учествуваме со двајца црвено-црни момци. Легендата на македонската и вардаровата атлетика ветеранот Трпе Мартиновски кој и во шестата деценија од својот живот настапува и младиот Јакимовски Влатко. Низ улиците на словенската метропола, Љубљана свој настап ќе има Марко Ивановски. Тој ќе настапи на полумаратонската трка на оваа атлетска манифестација.