Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар единствени со Мец, кои имаат максимални шест освоени бодови и втор најдобар напад
ЖРК Вардар единствени со Мец, кои имаат максимални шест освоени бодови и втор најдобар напад

ЖРК Вардар единствени со Мец, кои имаат максимални шест освоени бодови и втор најдобар напад

Олдично започна новата сезона во лигата на шампионите за Европскиот вицешампион, екипата на ЖРК Вардар која по три одиграни натпревари е лидер во групата Ц со три победи. Беа совладани екипите на ФТЦ Будимпешта (34:31) пред својата публика и два триумфи на гостински терен против екипите на Турингер(21:29) и Ларвик ( 19:31). На сите три натпревари имавме контрола на резултатот и ниту во еден момент не беше доведена во прашање победата. Вардарки се единствените со Мец кои имаат максимални шест освоени бодови по првите три одиграни кола, а можат да се пофалат и со втор најефикасен напад по првите три кола. Црвено-црните имаат постигнато вкупно 94 голови, а само ФТЦ кој  е во истава група има повеќе голови од нас, или вкупно 97.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци во нашиот состав неа ја предводи Андреа Лекиќ која има постигнато 19 голови, што ја прави најефикасен играч кај Вардар. Втора на оваа листа е Пенезиќ, додека третото место е за Радичевиќ.

1. Андреа Лекиќ 19

2. Андреа Пенезиќ 17

3. Јованка Радичевиќ  12

4. Александра Лакрабер  11

5. Драгана Цвијиќ  9

6. Сара Ристовска  7

7. Барбара Лазовиќ  5

8. Андреа Чанадија  3

9. Марија Петровиќ  1

10. Теодора Керамичиева  1

11. Татјана Хмирова  1

Следниот натпревар за нашиот шампион е на 4-ти ноември, кога во спортскиот центар Јане Сандански ќе гостува екипата на Ларвик од Норвешка. Претходно Вардарки ќе гостуваат во Љубљана, каде ќе бидат дел од турнирот во регионалната лига.