Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Маријан Гочев: “Јуниор“ лигата ми ја подигна самодовербата и од секој следен натпревар се чувствував како подобар играч
Маријан Гочев:  “Јуниор“ лигата ми ја подигна самодовербата и од секој следен натпревар се чувствував како подобар играч

Маријан Гочев: “Јуниор“ лигата ми ја подигна самодовербата и од секој следен натпревар се чувствував како подобар играч

Претстојниов викенд ќе започне третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига, проект на РК Вардар кој обедини голем дел од школите низ цела Македонија. Токму новата генерација на Вардар, ракометари родени 2004/05 година ја сочинуваат играчи кои претходниве две години активно играа во “Јуниор“ лигата, а ќе продолжат и во новата сезона паралелно да настапуваат за своите школи и за помладите пионери на Вардар. Токму еден од нив е Маријан Гочев кој во новата сезона игра за новата генерацијата на Вардар и за ракометната школа, Бисинов од Велес. Во следново интервју ќе ве запознаеме со неговите почетоци во ракометот, мислење за “Јуниор“ лигата, како и за настапите во есенскиот дел од сезоната за пионерите на Вардар Јуниор.

-Јас ракометот го следев уште од многу мал, но еден ден мојот другар Давид ми кажа за Ракометната школа РК Борец. Јас уште другиот ден се запишав. Желбата за овој спорт ми се јави додека на телевизија ги гледав ракометарите на Репрезентацијата на Македонија. Започнав да тренирам на 8 години кај тренерот Никола Бисинов. Еден ден нашиот тренер не собра и ни кажа дека нашето ново име е РК Бисинов Вардар.

“Јуниор“ лигата го исполни сонот на Маријан да биде дел од екипата на Вардар, но истовремено му го даде првото искуство со ракометната игра.

“Јуниор“ лигата според мене е добра инвестиција каде што им се овозможува на децата да се докажуваат меѓу себе. Јуниор лигата мене ми ја подигна самодовербата и од секој следен натпревар јас се чувствував како подобар играч и ми овозможи да добијам големо искуство преку натпреварите кои ги игравме. Еден ден додека имавме тренинг во паркот, нашиот тренер Никола Бисинов рече децата кои се родени 2004 година да истапат од редицата, а потоа тој ни соопшти дека сме одбрани за селекцијата на Вардар 2004/2005 година.

22449741_1961700614043249_5635666357043473019_n

Финишираше првиот дел од сезоната за оваа генерација на Вардар, која одигра пет натпревари, на кои забележа три победи и два порази.

-Од првиот првиот дел на сезоната може да бидеме задоволни, бидејќи имаме три победи и два порази, оваа генерација се формира само пред три месеци и нашиот тренер Зоран Петковски уште на почетокот на сезоната ни кажа дека дека оваа година нема да играме за резултат, но тоа не значи дека не треба да не даваме 100% од нас на натпреварите кои ги играме.

Оваа сезона ќе се склопува генерацијата, која вистинското треба да го покажува дури од наредната сезона, кога екипата ќе добие на поголемо искуство, воигрување и квалитет.

-Секојдневно имаме тренинзи на кои работиме разни акции кој исто така ги користиме и во натпреварите. Оваа сезона немаме некои големи очекувања, но од другата сезона ќе бидат поголеми, бидејки оваа година ни е почетна, но веќе од другата година може да се очекува нешто од нас.

Звонко Ивановски