По пауза од четри месеци поради повреда на патеката се врати вардаровиот маратонец Петре Завировски. Тој се повреди во во месец мај на “Скопскиот маратон“ по што принудно мораше да осуствува два ипол месеци од тренинзите. Специјалистите овој пат се одлучија неговата повреда на десното колено да ја лекуваат со подолга пауза што засега се гледа како добар потег. Со само 7 недели тренинг успеа неговиот подвиг и успешно го истрча пеколниот Охридски маратон.
Најтешката 30 километарска делница во регионот од Свети Наум до Охрид, нашиот вардаров атлетичар младиот Завировски ја мина за 2 часа 11 минути и 37 секунди. Доволно за 15 место во генерален пласман. Ова е за 6 минути послабо од неговиот најдобар резултат поставен пред 3 години на оваа иста 30 километарска патека.
Следен настап од повисок ранг на завировски е на 28 Октомври во Подгорица. Патека на која минатата година го истрча најдобриот полумаратон во кариерата 1:17:10.