Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! “Сребро“ за КК Вардар 2002 во Краков, помладата селекција М12 заврши четврта
Кошарка! “Сребро“ за КК Вардар 2002 во Краков, помладата селекција М12 заврши четврта

Кошарка! “Сребро“ за КК Вардар 2002 во Краков, помладата селекција М12 заврши четврта

Вардаровите кошаркарски надежи на беа учесници на  силен интернационален турнир во Краков, Полска. Нашиот тим беше застапен со две селекции М-12 и М-16, и двете одиграа одлично во првиот дел од турнирот и обезбедија мечеви за медал. Повозрасните играа во дуелот за “злато“, а помалите се бореа за бронза.

Нашите момци од генерацијата 2002 или М-16 го освоија второто место, тие во финалето беа поразени од литванскиот шампион тимот на Вилнус. Ние дојдовме до сребро, против нас имавме тим во кој настапуваат пет играчи за литванската репрезенација. Нашите Лука Савичевиќ и Бранко Шуменковски беа наградени со признание за дел од најдобрата т.е. иделаната петорка на турнирот.

bb

Помладите момчиња односно КК Вардар 2006/2007 играа натпревар за бронза. Тие беа поразени во истиот од екипата на Никиел Познаљ која доаѓа од Полска. Од оваа селекција М-12 младиот Ивановски доби признание за најдобар кошаркар во нашиот тим и влезе во иделната петорка кај својата генерација на турнирот.