Во текот на денешниот ден, фудбалскиот клуб Вардар беше во посета на здружението за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ во скопската населба Аеродром. Децата имаа можност да се дружат со играчите на Вардар, кои ги направија среќни поради нивната денешна посета.
Играчите ги поканија децата да бидат гости на нивниот натпревар во четврток против екипата на Зенит, во рамките на групната фаза од лигата на Европа. Како што најавуваат од клубот, ваквите акции ќе продолжат и во иднина.