Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За само 50 денари проследете го утрешниот супер куп натпревар, помеѓу Вардар и Работник
За само 50 денари проследете го утрешниот супер куп натпревар, помеѓу Вардар и Работник

За само 50 денари проследете го утрешниот супер куп натпревар, помеѓу Вардар и Работник

За прв пат во историјата на Македонскиот ракомет ќе се игра супер куп, во кој ќе играат екипите на РК Вардар и Еурофарм Работник. Црвено-црните како актуелен освојувач на супер лигата и купот и Работник како вицешампион во купот на Македонија, утре со почеток од 17 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона.

За овој меч се пуштени билетите во продажба, кои се по цена од 50 денари и истите можат да се набават на билетарницата пред С.Ц. Јане Сандански, во периодот од 10-18 часот. Натпреварот можат да го прослеат и сите кои имаат сезонски билети за натпреварите на РК Вардар, како и Вардар ПАС картичка.

Вардар е голем фаворит за освојување на трофејот, воедно овој дуел е последна подготовка пред неделниот натпревар против екипата на Висла Плок на гостински терен, во рамките на првото коло од новата сезона во лигата на шампионите, каде црвено-црните ја бранат Европската титула.