Двете млади екипи на кошаркарскиот клуб Вардар, селекциите М18 и М16 ги минаа елиминациите и обезбедија место во квалитетната лига.
Со две победи против екипите Партизан М.Шпед 2 и Ангели , како и службено добиен трет натпревар, нашата селекција М18 обезбеди убедлив влез во првата лига во ова натпреварување. Исто така и со две победи момците од КК Вардар М16 успеаа да дојдат до успех во оваа етапа. Нашите момци со два триумфа во натпреварите против екипата на Мега Баскет и тимот на Гостивар го завршија елиминацискиот турнир. Ланскиот вице-шампион повторно ќе биде дел од првата младинска лига до 16 години и ќе се стремиме на успешна сезона.