Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нова ракометна класика, Вардар сака да го земе “скалпот„ и на Веспрем

Нова ракометна класика, Вардар сака да го земе “скалпот„ и на Веспрем

Денес не очекува ново ракометно уживање пред малите екрани во Лигата на Шампионите. Екипата на Вардар од 17:30 часот ќе гостува во Унгарија, на екипата на Веспрем, која важи за еден од претедентите за учество на завршниот турнир.

Двете екипи добро се познаваат со оглед дека минатите години играле меѓусебни натревари, како во Лигата на Шампионите така и во СЕХА-лигата. Вардарци пред одигрување на ова коло се лидери на табелата со две победи од исто толку мечеви, додека Веспрем има половичен учинок од еден трумф и еден пораз. Наназад многу години, Веспрем важи за фаворит за освојување на ЛШ, но никако да успеаат да ја подигнат Европската титула. Многу се вложува во овој клуб, така беше и изминатово лето, кога Веспрем во своите редови ги донесе најдобриот голман на денешницата, Арпад Штербик кој дојде од Вардар, потоа едно од најдобрите леви крила, Мануел Штрлек, тука е и репрезентативецот на Словенија, Борут Машковчек, кој може да игра подеднакво добро и во одбрана и во напад, како и францускиот репрезентативец, Кентин Мае кој соработување со Врањеш во периодот кога заедно беа во екипата на Фленсбург. Од екипата си заминаа Ренато Сулиќ кој долги години беше во клубот, потоа голманот Мирко Алиловиќ, како и Габор Анчин, Тимушин Сух и Матјаш Ѓори. Осетни промени се направени во Веспрем, но тука се добро познатите Ласло Наѓ, Роланд Миклер, Момир Илиќ, Мате Лекаи и други.

Откако минатата сезона испаднаа уште во осминафиналето од екипата на Скјерн и ја загубија после долги години титулата во Унгарија од екипата на Пик Сегед, оваа сезона многу се очекува од избраниците на Љубомир Врањеш. Сепак и немаа најдобар старт во ЛШ, со оглед дека загубија на гостувањето во Барселона, меч каде констатно имаа негатива, очигледна е се уште неуиграноста кај унгарците кои никако не можат да ја пронајдат својата вистинска игра. Дефинитивно најголем адут на Веспрем е нивниот голман, Арпад Штербик кој и најмногу ги позава црвено-црните, нивните играчи, но и нивниот тренер, Гарсија Парондо кој практикува сличен систем на игра, како неговиот претходник, Рул Гонзалез.

Во Вардар повторно ќе недостасуваат важни играчи, како Стоилов и Горбок, а немаме да го имаме на располагање и последното засилување, тоа голманот од Алжир, кој се уште ја чека потребната виза за патување надвор од Македонија. И на денешниот дуел ќе се поткрепиме на Дејан Милосављев кој се наоѓа во одлична форма и младиот Марко Кизиќ, кој ќе биде негова алтернатива. Ако некој добро го познава составот на Веспрем, тоа е Стас Скубе кој настапуваше во унгарското првенство, во екипата на Пик Сегед, па му се понати квалитетите на пртотивникот, но и нивните слаби страни со оглед дека како што напоменавме, Сгед минатата сезона му ја одзема титулата на Веспрем во првенството.

Сигурно дека не очекува квалитетен и борбен натпревар во преполната “Веспрем Арена„. Доколу Вардар ја повтори играта од дуелот со Монпелје големи се шансите за позитивен резултат и од ова тешко гостување со оглед дека тешко е да се победи Веспрем пред своите навивачи. Директен пренос од дуелот кој стартува од 17:30 часот ќе можете да погледнете на Арена Спорт 3.