Вчера во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ нашите јуниорски репрезентативци ја започнаа битката за пласман на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое веќе неколку дена се одржува во нашата престолнина. Откако во групната фаза се пласираа на последното место на табелата во групата Ц, нашите млади кошаркари разигруваа за пласман против Данска која се покажа како лесен плен.
По 40 минути игра на семафорот стоеше резултат 54-85 во наша корист. Денес нашите репрезентативци повторно ќе играат во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде ќе си ги одмерат силите со Азербејџан, репрезентацијата која во рамки на првиот денешен натпревар на распоредот во оваа сала триумфира над Романија со 62-61. Со оваа победа, Македонија разигрува за пласман од 17. до 20. место на првенство.
Вардаровото момче, Валмир Какруки беше прв стрелец на овој меч, тој како стартер на овој натпревар одигра и постигна дури 19.поени. И другите двајца вардарци имаа забележителен придонес, Андреј Данилов впиша седум поени, а Благој Димитриев одигра исто така добри и постигна пет коша.