Помладите пионери на ФК Вардар не успеаа да се пласираат во големото финале на турнирот “Пандев Куп 2018„, откако попладнево во полуфиналето го загубија дуелот од екипата на Реал Ниш од Србија. Конечниот резултат на овој гласеше 0:1 во корист на противникот.
Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски (c), Ѓорѓиевски, Давков, Стојчевски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Алими, В.Стојановски, Јовановски, Г. Стојановски, Андрески.
Вардарци имаа неколку шанси кои сепак не успеаа да ги искористат. Гледавме цврст натпревар, со голема броба на теренот. На крајот еден гол го реши победникот, а тоа беше тимот на Реал Ниш.
Во текот на утрешниот ден, не очекува меч за третото место на турнирот.