Вардарци веќе третти ден се наоѓаат во Крањска Гора, каде го одработуваат главниот дел од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Се работи на физичката подготовка на тимот, како и во сала каде се воигрува екипата и новите играчи. Со тимот тренираат и тројца играчи од младинскиот погон. Во Крањска Гора се останува до 9-ти август, по што екипата директно ќе се упати за Германија, каде ги очекува првиот силен меѓународен турнир.