Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Следат многу важни измени во борењето, БК Вардар со итен предлог до ФБСМ
Борење: Следат многу важни измени во борењето, БК Вардар со итен предлог до ФБСМ

Борење: Следат многу важни измени во борењето, БК Вардар со итен предлог до ФБСМ

 Надлежните во UWW продолжуваат со измените и иновациите со цел на подобрување на борењето како спорт и зголемување на интерес кон натпреварите. 

За истите да може полесно да ви ги презенираме го исконтактиравме и детални и конкретни информации добивме од разговорот со  професорот Љубиша ПешкоПоследните измени и новости настапуваат во сила од 01.01.2018.

26637537_1831004106933670_610476595_n

- воведување на светска рејтинг листа ( со бодување и рангирање само од 5 светски турнири, индивидуелен рејтинг).

- во сите три боречки стила ќе има по 10 категории, од кои како порано само 6 ќе се олимписки.

- типот на натпреварите ќе се одвива во два (2) дена, каде што мерењето е секој ден 1 час пред борбите.

СЛОБОДЕН стил : Сениори, У23 и јуниори Олимписки категории 57, 65, 74, 86, 97, 125,
Неолимписки категории 61, 70, 79 92.

ГР-РИМСКИ стил: Сениори, У23 и јуниори Олимписки категории 60, 67, 77, 87, 97, 130.
Неолимписки категории 55, 63, 72, 82,

ЖЕНСКО БОРЕЊЕ : сениорки, У23 и јуниорки Олимписки категории 50, 53, 57, 62, 68, 76,
неолимписки категории 55, 59, 65, 72,

КАДЕТИ: 41-45, 48, 51, 55, 60, 65, 71, 80, 92, 110 кг.
КАДЕТКИ: 36-40, 43, 46, 49, 53, 57, 61, 65, 69, 73 кг.

УЧЕНИЦИ: 34-38, 41, 48, 52, 57, 62, 68, 75, 85 кг.
УЧЕНИЧКИ  29-33, 36, 39, 42, 46, 50, 54, 58, 62, 66 кг.

Со овие нови измени фактички и сосема се менува системот на тренажниот процес и измени на пропратните механизми и тела за подобрување на подготвеноста на борачите.

Побаравме веднаш став и мислење од борачкиот клуб Вардар тие ни го соопштија следново:

77

Предлагаме на ФБСМ, под итно да ги пријави нашите борачи на Гранд Прих турнирот “ИВАН ЈАРИГИН” -Краснојарск , Русија 24- 29 јануари 2018, каде што: 57кг Владимир Егоров 97кг и Мага Нуров ќе се обидат да се пласираат што подобро и да се најдат на РЕЈТИНГОТ во март месец, рејтинг кој ќе биде од големо значење за жребањето на престојното Светско Првенство. Поради ВИЗНИОТ режим и од економски причини предлагаме со борачите да патува како тренер Могамед Ибрагимов.

777