Руската повремена репрезентативка во дресот на Вардар, Полина Кузнецова, одморот од настапи го искористува во својата родна Русија.
Кузнецова е многу актуелна и поставува секојдневни активности на својот Инстаграм профил. Пред неколку денови нашата ракометарка имаше чест да биде во друштво на претседателот на Русија Владимир Путин на еден прием во својата држава.
На оваа фотографија покрај Путин и нашата ракометарка, се и неколку други познати личности на Русија.