Во средбата од треттото коло во квалификациите за бараж за СП репрезентацијата на Русија дојде до гостинска победа. Вардаровиот играч, Тимур Дибиров повторно беше прва ѕвезда на теренот, тој погоди осум пати во нивната победа со резултат 19-27.
Момците на руската селекција во дуелот со Луксембург доминираа на теренот и лесно дојдоа до нови два бода, со кои останаа на првото место во групата кои носи во баражот. Селекцијата на Русија беше фаворит на оваа средба, тие двете полувремиња ги добиа со по четири гола предност. Тие веќе на одмор отидоа со комотна разлика, по крајот на првиот дел водеа со 12:8. Второто вардарово крило во оваа селекција, Шишкарев погоди еднаш. За потсетување на клупата на “Зборнаја“ е Едуард Кокшаров, а негов помошник е Давид Дејвис Камара.
Русија идниот меч го игра на 6 јануари, повторно со Луксембург во Краснодар.