Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Интервју: Дарко Димитровски- Одигравме “машки“, победата со ГТЦ ни ја спаси сезоната, со Империал одиме на сигурно

Интервју: Дарко Димитровски- Одигравме “машки“, победата со ГТЦ ни ја спаси сезоната, со Империал одиме на сигурно

Пролета тргна тешко за КК Вардар, стартуваа со  два порази од шампионот Макпетрол и од дирекниот конкурент за позицијата “два“ екипата на КК ГТЦ Мусандра. Беше потребно   да се изнајдат сили да се вратат во форма и да ја освојат втората позиција која беше загрозена. Момците влегоа во форма од меч во меч ја подигаа играта па во минатото 13.коло влегоа со еднаков број бодови во клучниот дуел со КК ГТЦ. На истиот во последниот пар влеговме со егал резултат 2-2, но и губевме со 60 “дрва“ и висеше сезоната. На патеките се појавија Младен Донковски и Дарко Димитровски кои ја земаа судбината во своите раце. Овие двајца големи борци дојдоа до две победи  во дирекните дуели, а успеаа да направат позитива и во вкупниот биланс со што освоивме уште два поени. Разговараме со еден од нашите ХЕРОИ, играчот кој го краси талент, интелигенција, преданост  и големо срце, Дарко Димитровски.

17690070_10154314994391791_921280091_n

Искрено со оглед на моменталната форма на двата клуба во овој дуел, а и гледајки го играчкиот фонд , ГТЦ беше во блага фаворитска улога. Ние, откако Влаќевски замина, како да го изгубивме мотивот и паднавме во резултатска криза. Дури и нашиот лидер Димитар Димитровски после многу години убедливо на врвот со најголем просек, падна во својата форма која не била својствена за него во последниве 12-13 години. Да ги спомнам и пеховите со повреди…сето тоа навестуваше многу тешка одбрана на второто место од лани. Но ете, во клучниот натпревар, изигравме малку подобро и можеби психички бевме посилни затоа што одевме на се или ништо. Беше тврд дуел во кој ГТЦ , за наша срека, не се снајде најдобро, а таа шанса веднаш ја искористивме. Диме изигра добро кога беше најпотребно и го победи нивниот најдобар поединец, Миле Димковски  покажа квалитет во вистински момент, а јас и Младен Донковски  изигравме доволно да извојуваме победа и да ги покриеме киксовите од овој натпревар. Искрено оваа победа и речиси освоената вицешампионска титула ни ја спаси сезоната која ке биде на рамниште на претходните две и ке биде оценета како успешна. Сепак, ни треба уште една победа во последните две кола за да и теоретски ја завршиме работата. А првата и можеби единствена шанса е следниот натпревар со КК Империјал ТКС.

Прва прилика за остварување на целта ја  имаме веќе во четврток кога ја пречекуваме екипата на КК Империал Тобако ТКС која е “фенерџија“ во лигата. Победа во овој дуел ќе ни овозможи на коло пред крајот да ја обезбедиме теоретски втората позиција која беше наша цел оваа сезона во Македонската кугларска лига. Дуелот се игра четврток, 6 април со почеток во 17-00 часот, за оваа Димитровски вели:

dare1

Дуелот со Империјал кој ке се одигра веке во четврток, ќе го дочекаме со максимална сериозност затоа што не смее да се дозволи ни најмало опуштање после победата над ГТЦ. Иако сме фаворити , ќе се залагаме максимално овој натпревар да помине према она што се очекува од нас, а тоа е победа. Па после ке може да се опуштиме и последниот натпревар за оваа сезона во МКЛ против Макпетрол да го одиграме за душа. Империјал ја забележа првата победа во саботата и многу ни е драго за тоа затоа што негуваме одлични пријателски односи со нив, но нема да има никаков попуст во директниот дуел.

Покрај Македонската кугларската лига црвено-црните ги очекува настап и во Купот на Република Македонија. Лани бевме втори целта и годинава е пласман во финалето. Нашиот куглар и потпретседател на Вардар за купот вели:

vardarfans-dare-lepi-660x330-660x330-660x330-660x330

Што се однесува до Купот, моите лични очекувања се дека влезот мегу најдобрите четири, а по можност и во финале, ќе претставува феноменален успех за Вардар после драстичното ослабување на играчкиот фонд. Се знае кој е фаворитот за освојување на Купот, но одиме да се надигруваме и да покажеме квалитетна игра. Па со Господ напред.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ