Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! На престижен турнир во Бугарија настап за вардарците Егоров и Нуров, за жал поради здравствени причини нема да настапат Зубаиров и Хамикоев

Борење! На престижен турнир во Бугарија настап за вардарците Егоров и Нуров, за жал поради здравствени причини нема да настапат Зубаиров и Хамикоев

Елитата на светското борење на крајот на оваа недела ќе се собере во Русе, Бугарија, по повод 55-тото издание на Меѓународниот турнир во борење во слободен и во грчко-римски стил „Дан Колов – Никола Петров“, кој ќе се одржи на 8 и 9 април.

На истиот ќе настапат и вардаровите македонски репрезентативци, во категоријата до 57кг Владимир Егоров и  до 97кг М.Нуров. За жал поради повреди изостанува Халил Зубаиров (86кг) и во грчко-римски стил поради нарушена здравствена состојба нема да настапи Тумур Хамикоев (85кг) .  За овој силен турнир и учеството на нашите момци разговаравме со нашиот црвено-црн борачки колектив од таму велат:

bk4

Додека раководството на ФБСМ работи на еволуција на борењето и уште незнаат дека одамна “тркалото е измислено“ ние одиме напред со елитно борење и целиме на висок резултат. Ќе се потрудиме и на овој за првпат по долго време (10.години во криза) престижен турнир да ги израдуваме Македонските љубители на борењето, и нашите репрезенативци да освојат медал. Ова е последна увертира пред Европското во Нови Сад, па затоа за многу репрезенативци овој турнир преставува “сито“ за да се испратат најдобрите на континенталниот шампионат кој ќе се одд17797680_1524362454264505_1445175450_oржи од 1-4 Мај.

Голема среќа имавме што единствено вардаровите момци успешно спроведоаа подготовки и се спремни да се впушат во борба со соперниците. Многу ќе бидеме задоволни доколу нашите преставници Егоров и Нуров поминат  по 3.кола или се најдат во репасаж во своите категории, а на ЕП се впуштат во борба за медал.

bk

Жално е што Зубаиров  поради повреда  мора да отсустува и мора да има поштеда од две недели. Ќе се потрудиме да го востановиме и подготвен да настапи на Европското првенство во Нови Сад-Србија.  Самото учество на останатите Македонски репрезентативци на овој турнир е за пофалба и секоја остварена победа ќе заслужи голема пофалба.

bk7 bk8