Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Двајца вардарци во топ-6 на првата рунда во 1/2-фин. од Купот, Димитровски повторно лидер и овде

Куглање! Двајца вардарци во топ-6 на првата рунда во 1/2-фин. од Купот, Димитровски повторно лидер и овде

dime

Викендов на програмата беа  возбудувањата од Купот на Република Македонија во куглање. Во кугларницата “Мусандра“  која се наоѓа во Градскиот трговски центар Скопје во  саботата се одигра првиот од двата дуела полуфинални дуели помеѓу Вардар и битолска КК Хераклеа. Во истиот црвено-црниот кугларски колектив дојде до убедлива победа со 7-1. Нашите момци соборија 3298 “дрва“ нашиот противник имаше 222 помалку односно собори  3076. Во сетови триумфиравме со 17-7.

Кај тимот предводен од Драги Димитровски  повторно најдобар беше нашиот лидер Димитар Димитровски кој собори повторно над “ магичната граница 600“ односо бутна 605 чуња.  Скор зад него имаше   Миле Димковски со 578 “дрва“  и тој како и Димитар освои поен. Во другиот полуфинален меч се сретнаа КК ГТЦ како домаќин и бранителот на титулата во Купот на Р.М. eкипата на  КК Макпетрол. Гостинот дојде до победа со 3-5 во еден крајно израмнет меч. По првите мечеви во полуфиналето на страницата на Кугларската федерација беше објавена топ-6 листата или иделниот тим на оваа рунда. Во него имаше место за двајца вардарци. На врвот односно најдобар скор од сите куглари кои настапија за овие четири тима на мечевите имаше…….
….лесно е да се погоди како и секогаш Димитар Димитровски. Нашиот лидер повторно владее и со оваа категорија. Димитар е првопласиран во топ-6 и единствен кој е над “границата 600 дрва“. Димковски со соборените 578 “дрва“ се најде на петтата позиција на листата. Следниот дуел повторно го играме во Скопје, ние битолчани ги пречекуваме во сабота, 20-ти мај со почеток во 10-00 часот.