На 8-ми април по 12ти пат ќе се организира традиционалниот полумаратон Трчаме кон Целта 2017. Оваа година ќе има полумаратон 21км и 5км и детска забавна трка на 1км до 12 години, или деца родени 2006 и помали.
Од нашиот атлетски црвено-црн колектив ќе учествуаат дури седум членови. Шестмина ќе трчаат на делницата од 21 километар и еден вардарец на патеката од 5 километри. Ова е настан каде бројот на вардарци на стартната линија е најголем досега. Списокот на наши атлетичари од АК Вардар кои ќе настапат се следниве:
1. Марко Ивановски
2. Владимир Ивановски
3. Ивана Кипријановска
4. Влатко Јакимовски
5. Мартин Поповски
6. Трпе Мартиновски
На трката во должина од 5 километри ќе учествува седмиот наш атлетичар:
7. Игор Димитровски