Викендов во салата Автокомада се одигра големото дерби во пионерска конкуренција во кој нашиот РК Вардар предводен од Адријана Будимир гостуваше кај екипата на РК Металург. Домаќинот сакаше да триумфира, нивниот пионерски тим беше додатно засилен со 4 играчи од кадетскиот состав, но нашите вардарци изгинаа машки и победија во ова дерби со 15-16. Први стрелци беа Чакалиќ и Жерновски кои погодија по 4 пати, тие беа потпомогнати од Велимир Грујовски кој имаше 3 гола. Со овој млад ракометар разговараме за дербито, тој вели:
Јас сум многу задоволен од овој натпревар, бидејки го дадовме максимумот со моите соиграчи и нашиот тренер, победата машки ја заслуживме. Посакува воедно и се надевам за прво место во нашата група и пласман на завршниот турнир. Нашата цел е да дојдеме до титула за Вардар во пионерска конкуренција која ќе биде круна на нашите напори досега во оваа сезона.
Во перидот од 7-11-ти април пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, а истиот е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Веќе се одредени групите и противнциите за Вардарци. Тие се наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Дикеас и Пилаиа и двете од Грција. Инаку екипите се поделени во четири групи од по три екипи, а учество ќе земат тимови како ПСЖ, Партизан од Белград, Загреб, Локомотива од Брчко, како и екипи од Грција.
Не очекува тежок турнир во соседна Грција, место каде ќе бидат собрани најдобрите пионерски колективи од стариот континент. Јас сум навистина голем оптимист, работиме вредно што ни дава за право да се надеваме на прво место на овој силен меѓународен ракометен турнир.
Михајло Тушевски