По еден викенд пауза поради обврските на сениорската женска кошаркарска селекција, овој викенд повторно на програмата се возбудувањата од Првата лига. Во ова 6.коло црвено-црните избранички на Жаклина Стојановска ќе бидат домаќини на тимот на ЖКК Гостивар.
ЖКК Вардар досега имаат пефректен скор со пет победи по исто толку одиграни кола и ја делат лидерската позиција со шампионот Бадел 1862. Гостивар досега одигра четири меча, едно коло беше слободен и има само една победа, ние во дуелот со нив влегуваме како фаворити. Натпреварот ќе се игра во малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје.