Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи се домаќини на Ренова, кадетите и младинците гостуваат во Тетово
Пионерските екипи се домаќини на Ренова, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

Пионерските екипи се домаќини на Ренова, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

      Претстојниов викенд на програмата е 12.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во сабота се домаќини на екипата на Ренова, додека во недела кадетите и младинците ќе гостуваат во Тетово.

Помладите пионери се фаворити за освојување на трите бода против Ренова и ова ќе биде шанса за избраниците  на Деспотовски да се вратат на победите во Лигата, како и на врвот на табелата. Првиот меч на гостински терен, црвено-црните го добија убедливо со резултат 0:3, а после триумфот против Шкендија и пласманот во полуфиналето од купот, подигната е самодовербата кај вардарци, кои во добро расположение влегуваат во пресрет на саботниот дуел, кој својот старт ќе го има од 10:00 часот. Екипата на Ренова се наоѓа на претпоследното место на табелата, со 11 освоени бодови.

Можност да се вратат на победите во лигата ќе имаат и вардаровите пионери кои исто така се домаќини на екипата од Тетово. Избраниците на Кралевски после поразите од екипите на Македонија Ѓ.П и Шкендија го загубија првото место на табелата, имаат еден бод заостанување зад екипата на Академија Пандев. Неопходни се три бодови од овој меч, а мотивите за тримф се поголеми, ако се знае дека на првиот дуел во Тетово одигравме без победник (0:0). Дуелот во сабота започнува од 12:00 часот.

После пауза од две недели порази репрезентативни настапи, на сцена се враќаат кадетите и младинците. Кадетите предводени од Таневски ќе гостуваат на последнопласираниот тим на Ренова. После елиминацијата од купот, оваа генерација на Вардар сите сили ќе ги насочи кон првенството, каде не ни оди баш најдобро, па овој дуел може да значи преокрет до крајот на есенскиот дел од сезоната. Младинците се во голема борба за титулата со екипата на Шкендија, па од тука е потребен триумф во недела, меч на кој избраниците на Андовски влегуваат како фаворити, со одлед дека после 11 одиграни натпревари, “гипсарите„ имаат само еден триумф. Натпреварите на кадетите и младинците во недела започнуваат од 09:00 и 11:00  часот.