Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Макпетрол дојде до пехарот, вардарци третти
Куглање: Макпетрол дојде до пехарот, вардарци третти

Куглање: Макпетрол дојде до пехарот, вардарци третти

Вчера во кугларницата “Мусандра“ се одигра Националниот Куп за 2019 . На истиот победник е екипата на Макпетрол со вкупно соборени 3307, додека втора екипа е ГТЦ со 3262. Вардарци беа третти на овој собир.

Црвено-црните дојдоа до бројката 3070 на овој настан. Кај нас најистакнат беше играчот кој  долго го мачеше повреда, станува збор за Георг Поп Крстев. Неговите игри фалеа во првенството, тој собори 559 “дрва“. Втор скор имаше Маријан Згонц кој секад игра во купот на ниво (529). Покрај нив играа Митиќ Бранко, Влатко Стојановски, Влатко Гиевски и Миле Димовски.