Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија со нова победа на ЕП М16 во Сараево, Величковски повторно “двоцифрен„
Македонија со нова победа на ЕП М16 во Сараево, Величковски  повторно “двоцифрен„

Македонија со нова победа на ЕП М16 во Сараево, Величковски повторно “двоцифрен„

Репрезентацијата во машка кадетска конкуренција запиша уште една победа, втора во низа, на Европското првенство (дивизија б) за кошаркари до 16 години кое се одигрува во босанската претстолнина Сараево.

Кадетите првин запишаа несреќен пораз од силната Русија, а потоа го забележаа првиот триумф против Белгија. Во рамки на третиот натпревар нашите репрезентативци славеа против Словачка. Словаците беа рамноправен противник во три периоди, но во вториот успеаа да реализираат само еден поен, наспроти нашите 22 поени. Високата предноста остана на нашата страна на семафорот и по истекот на 40. минута до конечни 53-76. Нашиот вардарец, Марко Величковски  одигра 20:12 минути на паркетот, беше стартер и постигна 11 коша.

Следи ден одмор, па натпревар против Данска.