Oвој викенд на програмата во плеј-аут сегментот од Првата кошаркарска лига е на програмата 7.коло. Во истото црвено-црниот кошаркарски сениорски тим е слободен. Претходно во три кола успеавме да врземе две победи со кои се израмнивме со Охрид и Пелистер со по 7 победи досега.
Најпрвин победивме во Охрид како гости со 70 – 73 во меч во кој имаше голема борба. Со таа победа теоретски обезбедивме опстанок и избегнување на баражот за испаѓање. Во следните две кола на домашен терен врзавме две победи. Најпрвин во “Кале“ падна фенерџијата Шкупи кој го совладавме со резултат 86 – 69. Потоа го пречекавме битолски, Пелистер. Во овој меч ги совладавме зелено-белите со само три поена кои беа доволно за триумф. Победата дојде со резултат 86-83.