Претстојниов викенд на програмата е завршниот турнир во машкиот дел на „Јуниор Лигата, кај генерациите родени 2004/05 и 2006/07 година.
Екипите на РК Карпош, Ангели, Филип и Урдаревски најпрво ќе разигруваат, по што ќе биде познато кои екипи ќе играат во големото финале, а кои ќе се борат за третото место. Помеѓу овие мечеви ќе се одиграат натпревари во мини ракомет кај генерацијата 2010 и помали и еден меч во женскиот дел кај генераијата 2006/07.
Во недела ќе се одигра завршниот турнир за генерацијата 2006/07 година. Учесници се екипите на Бииснов, Ангели, Будимир и Урдаревски. За време на нивниот одмор, продолжуваме со натпревари меѓу момчињата во генерацијата 2008/09, и тоа екипите на Ангели Вардар, Бисинов, Вардар, Партение Зографски Вардар и Кисела Вода Вардар.
После одигрување на завршните мечеви е предвидена церемонија на доделување награди. Сите натпревари во двата дена ќе се одиграат во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.
Распоред за натпреварите и за Ф4 турнирите: saatnica_11_12.05.2019.pdf