На 15 и 16 јули 2017 година, во Нови Пазар, Република Србија, беа одржани 76 Балкански атлетски игри за сениори и сениорки. На новоизградената атлетска патека се појавија повеќе од 500 атлетичари од 16 земји, меѓу кои беа и претставниците од Република Македонија. На овој значаен атлетски настан присуствуваа и Добромир Карамаринов, претседател на Балканската атлетска федерација и европскиот рекордер во скок во далечина Роберт Емијан.
Дека женската атлетика во Македонија доживува значителен подем, потврдуваат и двете бронзени медали во трките на штафетите 4х100 и 4х400 метри.
Штафетата 4х100 метри во која настапија: Јосифовска Кристина, Тимчевска Катерина, Халими Аише и Селими Валбона, постигна време 50,54 , со што го освои 3 место и бронзениот медал, зад штафетите на Србија и Романија.
Бронзениот медал го освои и штафетата 4х400 метри во состав: Јовановска Марија, Јосифовска Кристина, Халими Аише и Тимчевска Катерина. Со постигнатиот резултат од 4:09,84 , македонската штафета го освои 3 место, веднаш зад штафетите на Романија и Хрватска.
Останатите претставници ги постигнаа следните резултати:
На 100 метри за атлетичарки, Селими Валбона беше 13 со резултат 12,52 .
Во дисциплината 5 000 метри, Ранчиќ Милош беше 7 со време 16:20,25 .
Во фрлање диск, Ефремова Матеја беше 7 со должина од 34,18 .
Во дисциплината трискок , Мустафа Бесијана беше 8 со резултат 10.33 .
На 400 метри со пречки, Вељковиќ Милош го освои 9 место со резултат 1:01,21 .
Во трката на 800 метри, Ивановски Дарио беше 9. со време од 1:55,92
.
Во фрлање копје настапија дваица македонски претставници:
Стојановски Кирил беше 8, со резултат од 50,33 м.
Ацковски Стефан го освои 9 место со должина од 46,68 м.
Солиден успех постигнаа и претставничките во скок во далечина:
Мироска Мартина го освои 9 место со резултат 5.61 м.
Мустафа Бесијана беше 12 , со најдобар скок од 4.88 м.
Во дисциплината 200 метри за жени настапија Тимчевска Катерина и Јосифовска Кристина.
Тимчевска Катерина беше 12 со време 25,53 .
Јосифовска Кристина беше 16 со резултат 26,72 .
На 400 метри исто така настапија две атлетичарки:
Тимчевска Катерина беше 16 со време 59,74 .
Јовановска Марија го освои 19 место, постигнувајќи резултат 1:02,86 .
Таневски Александар на 100 метри беше 18 со време 11,17 .
Во фрлање кладиво, Бајрамовиќ Елмин беше 7 со резултат 26,41 .
Во фрлање ѓуле, Бајрамовиќ Елмин беше 11 со должина од 11.60 м.
На 400 метри, Шабан Лирим беше 12 со време 56,80 .
На 200 метри, Таневски Александар беше 17 со време 22,81 .
Во фрлање диск настапија:
Стефанов Стефан беше 11 со должина 40.52 м.
Најдов Васил беше 13 со резултат 37.22 м.
Во дисциплината фрлање диск настапија:
Стефановски Стефан беше 11 со должина 40.54 м.
Најдов Васил го освои 13 место со резултат 37.22 м.
Треба да се истакне дека успехот на Балканијадата во Нови Пазар ќе беше уште подобар доколку учествуваа и неколку атлетичари и атлетичарки кои поради зафатеноста не отпатуваа со репрезентацијата на Македонија.
Пишува за Вардар фанс: професор Мирослав Бошковиќ