Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Успех со Малме е најголем подарок за 70.роденден на ФК Вардар кој го слави на 22-ри јули
Успех со Малме е најголем подарок за 70.роденден на ФК Вардар кој го слави на 22-ри јули

Успех со Малме е најголем подарок за 70.роденден на ФК Вардар кој го слави на 22-ри јули

Победа над  Малме, односно пласман понатака  би била супер прилика  за фудбалскиот клуб Вардар за одлична прослава на 70. роденден на клубот. Нашиот миленик е  формиран на 22. јули далечната 1947 година, односно пред седум децении.

Денешниот успех би бил поклон за  навивачите по повод роденденот на тимот, но и за нивниот 30-ти роденден кој го слават годинава.  Вардар во 1947 година се “роди“ со фузија на скопските екипи Победа и Македонија. Во СФРЈ имавме два титули една лигашка 1987 и Куп 1961 година, во Mакедонија имаме двоцифрен број домашни титули што не прави единсtвен клуб во земјата со таков успех и пет куп трофеја. Се надеваме на оваа богата традиција ќе додадеме и европска слава. Токму на денот на роденденот најголемо задоволство би било да се подготвуваме за следната пречка во ЛШ.