Долго ќе се сеќаваме на голот на Немања Прибак, на натпревар од регионалната лига во сезоната 2012/13 помеѓу екипите на Вардар и Металург. Тој меч се одигра на Кале и заврши со триумф на црвено-црните, со резултат 27:26. Последниот гол со удар од девет метри, откако помина времето, го постигна Немања Прибак, кој донесе ерупција од радост на трибините на Кале. Дури и дел од навивачите се симнаа на теренот, заедно со играчите да ја прослават победата. Иако Вардар имаше високи седум голови, му дозволи на противникот да го израмни резултатот. Сепак кога никој не очекуваше, Прибак со умерен удар ја смести топката позади грбот на Никола Митревски.
Од составот на Вардар во таа сезона и сега во новата, единствено кои останаа да го носат црвено-црниот дрес, се голманот Милиќ, потоа Стоилов, Карачиќ и Абутовиќ.
Да се потсетиме, на еден од најубавите погодоци во историјата на РК Вардар.