Веќе пет дена, односно од 21 јуни во Минск, Белорусија се одржуваат вторите Европски Олимписки игри на кои ќе настапат 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови. Истите ќе трааат до 30 јуни 2019 година.
Македонија ќе ја претставуваат 12 спортисти од кои деветмина се од боречките спортови, каде што реално може да се надеваме и на медал. БК Вардар утре ќе има еден преставник на душекот, со настапи започнува Магомедгаџи Нуров. Вардарецот во категоријата до 97кг (слободен стил) ќе се обиде да дојде до висок пласман, односно до медал.