Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона. Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во одбрана на европската титула.
Сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.
Велиме добредојде во РК Вардар и официјално за Димитар Димитриоски!