Вчера и официјално стартуваше новата сезона од првата кошаркарска лига во женска конкуренција. Уште во првото коло, нашиот ЖКК Вардар се сретна со бранителот на трофејот, екипата на Бадел 1862. Нашите девојки на овој воведен натпревар како домаќинки во СРЦ „Кале“ го пречекаа шампионот. Натпреварот заврши во корист на Бадел, кој однесоа триумф со резултат 30:75.
Уште од стартот на натпреварот Бадел покажа дека и оваа сезона е далеку натпревар пред другите екипи во лигата. На овој натпревар нашите девојки успеаа да постигнат само 30 поени. Во нашиот тим најдобар стрелец беше Јоловиќ, додека пак кај Бадел тоа беше Трајчевска. Во следното коло нашите девојки играат против екипата на Шкупи.