На денешната прес конференција на женскиот црвено-црн ракометен колектив се објави името на новиот стратег на ЖРК Вардар, тоа е досегашниот помошник на тренерот во машкиот тим, Давид Камара. По тој повод г-н Сергеј Самсоненко сопственикот на клубот го изјави следното за медиумите:
Активно работевме да најдеме нов тренер. Мислам дека добро ја завршивме работата на терен и сакам да им заблагодарам на Едуард Кокшаров и на Ацо Станковски. Со Астроханочка може не изгледаше толку добро, но таму влијаеа и други работи. Имавме и последици, Барбара Лазовиќ се повреди и мислам дека и тоа влијаеше на нашата игра. Важно победивме и освоивме бодови. Според мене ова е најдобро решение за нашиот клуб. Ви кажав и на претходниот прес, Давид многу добро работеше. И ова е најдобро решение од било кое друго. Од понеделникот тој почна да работи со екипата.
Новиот кормилар на црвено-црните девојки шпанецот Дејвис Камара за големата прилика да го води тимот до европскиот врв, на прес конференцијата пред преставнциите од медиумите го изјави следново:
Му благодарам на клубот и Сергеј Самсоненко за укажаната доверба затоа што мислам дека лани завршивме добра работа и очекувам дека така ќе продолжиме. Имаме нови играчи кои го засилија нашиот тим и се надевам дека ќе бидеме уште подобри. Имавме голема пауза од четири месеци затоа е потребно време полека да се вратиме во форма. Ние оваа недела се подготвуваме за Астраханочка која е млада екипа и игра многу грубо, но квалитетот е на наша страна. Мораме да победиме дома не само на овој туку на сите натпревари. Нè чека многу работа и одиме чекор по чекор. За крај сакам да му се заблагодарам на Раул Гонзалес за сета помош и поддршка. Заедно сме веќе 18 години прво како ракометари, потоа тој стана тренер, а кога ја завршив кариерата му станав помошник.
Мечот со Астраханочка се игра во сабота со почеток од 17-30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а тоа воедно е последниот домашен меч за вардарки сезонава во групната фаза. Преставникот од ракометарките Јованка Радичевиќ го изјави следново:
Како што кажа нашиот новo-стар тренер, се подготвуваме полека но сигурно, се навикнуваме на неговата работа. Јас размислувам позитивно и знам дека оваа екипа од меч во меч ќе биде многу подобра. Верувам во нашиот квалитет, бидејќи имаме добар тим само ни треба време да се вклопиме во однос на она што Дејвис го бара. Мечот во Русија не беше лесен, видовте дека тоа е незгодна екипа. Ако мојот тим и соиграчките остават срце на терен и одиграт на максимум нема да имаме проблеми во петок. Астраханочка нема што кај нас да бара во овој меч, верувам во својата екипа.
На прес конференцијата се обрати и македонската женска ракометна легенда Гордана Нацева, која е претседател на клубот, таа го изјави за маедиумите:
На наше задоволство, и на девојките Давид се враќа во тимот и повеќе фокусиран на она што се обврски на женскиот тим. За нас е важно е дека секогаш е потребно време на адаптација и на тренеротт, и на играчите и неговите методи на работа, но предност е што Давид веќе соработуваше со девојките и ќе продолжи во ист стил лкако лани, кога тимот си ја врати посакуваната форма ии имаше одлични резултати. Му посакувам успех и се надевам дека со нашата подршка и подршка од девојките ќе успее да го постигне она што е амбиција на клубот. Познавајќи го неговиот исклучително професионален однос се надевам дека ќе постигнеме она што е приоритена цел на клубот. На натпреварот со Астраханочка имавме одличен пречек и во Скопје ќе им возвратиме подеднакво и повеќе ако може.