Како што одмана први ви највивме сезонава во женската кошаркарска лига повторно ќе биде активен клубот Вардар. ЖКК Вардар се стартуваше по повод 70 годишнинаа од С.Д. Вардар. Денес стартува првата лига со натпреварот Вардар – Бадел 1862. Тој е закажан за вечер од 19-00 часот, и со него ќе биде отворена сезоната 2016/17 од Првата кошаркарска лига за жени.
Мечот во кој ние сме домаќини, ќе се игра во малата сала при Спортско рекреативниот центар “Кале“. Нашиот тим во новата сезона е предводен од искусните Едина Муса и Драгана Јоловиќ. Овој дуел е дерби дибејќи се среќаваме со најдобриот тим во македонската кошарка во последните неколку години тимот на ЖКК Бадел 1862, кој оваа сезона е додатно засилен со македонската репрезентативка повратничката од странство Митрашиновиќ. Ова ќе биде тежок меч на нашите девојќи бидејќи им е прв официјален во лигата, а гостинките се фаворити, се надеваме дека годинава тие ќе имаат добра сезона и ќе бидат во врвот на лигата.