Регионалната СЕХА лига излезе со видео во кое се содржани петте најубави погодоци за изминатиот месец октомври за кој фановите ќе може да гласаат и да го одберат погодокот број еден за изминатиот месец. Во понудата за топ-5 голови имаше простор за двајца вардарци Дибиров и Карачиќ кој постигнаа три гола со Горење речиси преку целиот терен искористувајќи го фактот што голманите на противникот не се во игра.