Утре, среда 5.август, Жаклина Стојановска ќе прозива на „Кале“ со што официјално женскиот кошаркарски клуб Вардар ќе ги започне летните подготовки за новата сезона. Последна активност на тимот беше во март пред избивање на светската пандемија со Ковид-19.
Собирот е закажан во 18часот и 30 минути, ќе се почитуваат сите пропишани протоколи за заштита од корона вирусот. Ќе се извршат тестирања и формирање на групи за работа во кои ќе се одвиваат активностите за почеток.